Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Холивудски анимиран филм во македонска продукција
Сподели на Facebook
ВЕЧЕР ексклузивно дознава дека студиото "Фх3х" во целост ќе го работи долгометражниот анимиран филм "Hal and Holly Moose". Ова е прва од овој тип висока странска продукција во Македонија.
Музиката за филмот, најверојатно, ќе ја работи Натали Кол, ќерката на големиот Нет Кинг Кол

Весникот ВЕЧЕР ексклузивно дознава дека скопското студио "Фх3х" деновиве започна со работа на холивудскиот долгометражен анимиран филм "Hal and Holly Moose".

Ова е прва од овој тип висока странска продукција во Македонија, а колку за споредба, буџетот за слични продукции се движи и до 10 милиони долари. Музиката за филмот, најверојатно, ќе ја работи Натали Кол, ќерката на големиот Нет Кинг Кол.
-Се работи за долгометражен анимиран филм, од шеесетина минути, кој се работи директно за ДВД. Продукцијата е на "Big wonder entertainment". Ова е прв анимиран долгометражен филм што се реализира во Македонија, а главниот продуцент и финансиите во целост доаѓаат од САД, вели Кристијан Даниловски, од "Фх3х".
-Тоа е филм во кој главните ликови се играчки, кукли, од "Build a Bear", познат американски ланец за играчки. Приказната се движи околу спасувањето на Божик, односно Нова година, а главните херои, два мали ирваси, се справуваат со целата ситуација, објаснува Даниловски.
Тој вели дека тие ќе работат практично се од продукцискиот дел од анимацијата, а постпродукција и предпродукција се на "Big wonder entertainment".

Инаку, ова им е втор потфат од овој вид, со "Build a Bear".
-Минатата година направивме шест епизоди за интеренет со истите ликови, и бидејќи тоа се третираше како голем успех од нивна страна, беа задоволни, па решија да не ангажираат во овој посериозен проект, вели Даниловски.
Режисер е Дејвид Милер, а гласовите ќе ги позајмат познати канадски актери. Планирано е проектот да заврши до Нова година.


Фх3х работеа и на оскаровецот Златен компас
Аниматорите од "Фх3х" се познати и по работата на холивудскиот хит "Авијатичарот" на Мартин Скорсезе, со Леонардо ди Каприо во главната улога, па на "Златен компас", кој минатата година го доби оскарот за визуелни ефекти, на "Punisher: War Zone", на "Tropic Thunder" во режија на Бен Стилер...

Тие работат и на реклами за светските брендови како Шел, Телмекс, Никон, Бјуик, Хјундаи, во повеќе наврати за Американ експрес...


Повеќе од успешна македонска филмска приказна
На "Hal and Holly Moose" ќе работат дваесетина луѓе. Во студиото моментално има околу педесетина професионалци, но од таму најавуваат дека најверојатно уште овој месец ќе ангажираат и нови аниматори и 3Д артисти. Сите заинтересирани можат да се обратат на work@fx3x.com.
-Целта е да се дуплира сегашниот тим, да влезат големи холивудски проекти, од повисок профил, од холивудска прва лига. И досега сме работеле на такви проекти, но се надеваме на поголем сегмент во работата, па и повисок профил на анимирани филмови, вели Даниловски, и потенцира дека, ако се гледа економски, овие проекти се 100% извоз.

Дејан ТРАЈКОСКИ

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 1681 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 28

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Браќа по камшик – “флагеланти
--------------------------------
 ”Алкалоид” прва фабрика на Балканот за опиум
--------------------------------
 Играорки Јапонки во групата Билјана
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: