Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Европскиот универзитет доделува 1500 стипендии
Сподели на Facebook
Европскиот универзитет, по природата на нештата, за да го задржи местото на лидер во приватното високо образование и воопшто лидер во високото образование презема постојани иницијативи и чекори.
Конкретно во овој период, донесовме одлука да се доделат 1500 стипендии кои ќе бидат распределени за додипломските студии, односно првиот циклус на студии и за студенти во вториот циклус на студии, односно постдипломските студии - вели деканот проф. д-р Живко Андревски

Првиот приватен Европски универзитет - РМ од денеска за време на одржувањето на Саемот за образование ќе додели 1500 стипендии. Средношколците кои сакаат да го продолжат своето образование на Европскиот универзитет ја имаат ексклузивната можност да добијат стипендија од 500 евра со пријавување на штандот на Саемот за образование и кариера каде што се претставуваат студиските програми на Европскиот универзитет и во просториите на самиот универзитет. Освен за бруцошите, Европскиот универзитет ќе додели и стипендии за студентите во висина од 1000 евра кои ќе го продолжат своето образовно надградување на постдипломските студии, односно вториот циклус на студии.
- Европскиот универзитет, по природата на нештата, за да го задржи местото на лидер во приватното високо образование и воопшто во високото образование презема постојани иницијативи и чекори. Конкретно во овој период, донесовме одлука да се доделат 1500 стипендии кои ќе бидат распределени за додипломските студии, односно првиот циклус на студии и за студенти во вториот циклус на студии, односно постдипломските студии - вели деканот проф. д-р Живко Андревски.

Ова е, истакнува Андревски, уште една од мерките на Универзитетот кој располага со извонредно опремени простории, наставен кадар од сите профили, обезбедена логистика во сите делови на студирањето, односно студентска служба, административна служба за прифаќање на студентите, финансиска служба која ги насочува студентите.
- Станува збор за развиен и динамичен организам на функционирање, кој овозможува брзо информирање на кандидатите, внесување внатре во мрежата, преку запознавање со програмите, перспективите и можностите, постојана отвореност на сите канали, односно саемско комуницирање, комуникација во универзитетот, преку маил службата, можности за соработка со весникот Вечер и телевизијата АБ канал. Доделувањето на 1500 стипендии се само еден дел од чекорите кои ги презема ЕУРМ, за студентите - истакна Андревски.

Како што напомена ректорот на Првиот приватен Европски универзитет, Бошко Јаќовски, сите кандидати кои ќе потпишат преддоговор за студирање на ЕУРМ имаат обезбедена бесплатна подготовка за полагање на предметите од државната матура.
- Тука спаѓаат и задолжителните и изборните предмети. Кандидатите се известуваат однапред за денот на одржување на подготовките, кои ги вршат врвни предавачи и во Скопје и во Охрид - додаде Андревски.

Европскиот универзитет е првиот приватен универзитет во Република Македонија, кој рефлектира еден целосно нов и поинаков пристап кон студентите и кон стекнувањето знаење, истовремено потпирајќи се на богатата традиција на европските, на американските и на македонските универзитети. Една од карактеристичните предности на Европски универзитет е реализирањето на својата активност преку моделот на европскиот кредит-трансфер систем, во согласност со Болоњската декларација од 1999 година. Тоа значи дека секој предмет носи одреден број поени (кредити) кои можат да се префрлуваат на друг домашен или странски факултет кој работи по овој модел.

(Г. Г.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 2502 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 50

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. ап. Матиј
--------------------------------
 “Дромон” е најпознатиот византиски воен брод
--------------------------------
 “Соломоново клејмо” – заштита од зло
--------------------------------
 Најславниот антички пат врви низ Македонија
--------------------------------
 Преп. Григориј Синаит
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: