Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Влатко Стефановски ја крена Виена на нозе
Сподели на Facebook
Aвстриската публика неодамна имаше можност да го слуша нашиот светски познат гитарист Влатко Стефановски кој настапи заедно со Теодосиј Спасов на кавал и Мирослав Тадиќ.

Австриската публика неодамна имаше можност да доживее непосреден и директен допир со македонската музика. На 30 март во една од најпрестижните сали на светот - Златната сала на Музикферајн во Виена, каде што се одржува Новогодишниот концерт на Виенските филхармоничари, пред австриската публика се претстави нашиот светски познат гитарист Влатко Стефановски. Тој настапи заедно со Теодосиј Спасов од Бугарија на кавал и Мирослав Тадиќ од Србија/САД на гитара и во придружба на Нижноавстрискиот Тонкунстлер-оркестар, а под диригентската палка на диригентот од Естонија, Кристијан Жерви.
-Заедно со многубројните посетители на распродадениот концерт, таа вечер можеше одново да се доживее непосредниот, директен допир со македонската музика. Стефановски пак, со својата гитара и својата блескава виртуозност, од една страна, како и со препознатливата певливост и медитативната лирика на македонската фолклорна мелодија и мисла, од друга страна, убедливо наметнувајќи се во солистички манир, слободно и мајсторски импровизирајќи, заедно со останатите исполнители, претставуваше своевиден музички празник, посочува во својот допис нашиот амбасадор на култура во Виена, Елена Мисиркова.

Во својата рецензија за настапот таа потенцира дека со многу сенс за многуслојната палета на музички бои и доживувања на своевидната емотивна и структурална градација на балканската музика, диригентот Жервис направи оптимална креација-производ "во пакет" со тројцата светски музичари од Балканот.

Повикувајќи ги солистите на неколку биса, публиката ја манифестирала и својата воодушевеност со бурен и долготраен аплауз.
Според Мисиркова концертот на Стефановски во рамки на овогодишниот фестивал "Балкан фивер" во Виена доживеа огромен успех.
Македонскиот фолклорен ансамбл "МАЈОВЦИ" од Скопје, пак, на 26 април годинава, по препорака на Мисиркова, ќе настапи на Виенскиот градски фестивал, во центарот на Виена. Република Македонија за првпат ќе биде претставена на овој фестивал кој од 24 до 26 април ќе се одржи по 26 пат.

Проследен со голем публицитет, Фестивалот се одвива на отворено на неколкуте огромни бини пред влезот во палатата "Хофбург" на Михаелерплац и пред Националната библиотека на Јозефсплац, како и пред катедралата на Свети Стефан во строгиот центар на градот Виена, каде "на отворено" ќе настапат и гостуваат околу 500 уметници од речиси сите земји на Европа и од Австрија. Според искуството досега, се очекува Виенскиот градски фестивал и годинава да биде посетен од околу 150.000 вљубеници во музиката и танцот.

(Д.Т.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 1778 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 81

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Филотеј
--------------------------------
 Наметки од антиката и Византија - истоимени
--------------------------------
 Македонците и базите
--------------------------------
 Аквадуктите и нивната функција
--------------------------------
 Македонското име одбрането и со ихитофауната
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: