Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Скомрахите повторно талкаат...
Сподели на Facebook
На сцените на театарите во Скопје ќе продефилираат околу 200 актери од Академии од 12 држави во Европа.

Факултетот за драмски уметности од Скопје, чии студенти, вечерва (МКЦ 20 ч.) ќе имаат чест по 18-пат да ги отворат средбите. Патот на Скомрахите и овојпат ја продолжува тенденцијата да ги собере младите таленти и надежи олицетворени преку студентите од 12 држави од Европа. Ќе можеме да ги видиме студентите од Академиите во Загреб, Белград, Тирана, Истанбул, Грац, Букурешт, Приштина, Виена, Сараево... Повторно на поканата за учество не одговори академијата од Солун поради презафатеност. На сцените во МКЦ ,ФДУ, Драмскиот театар, Турскиот театар, МНТ, повторно ќе продефилираат околу 200 актери.
- И овојпат, и покрај извесните тешкотии до кои дојдовме во организирањето, а делумно и во реализацијата на овој наш најдраг студентски Фестивал, сепак со вонредни напори се разбира и со пријателите кои се со нас, успеавме да ги организираме 18. Скомрахи, рече на вчерашната прес-конференција деканот на ФДУ, Данчо Чевревски.

Интересна иницијатива од минатата година се изроди помеѓу ФДУ и Универзитетот од Грац која минатата година резултираше со претстава која ги отвори Скомрахи, а која ја режираше Александар Поповски, а оваа година проектот се вика Балканизација од драматурзите Драгана Лука и Фолкер Шмит, а публиката ќе може да ја види в сабота (21 ч. МКЦ).

И оваа година нема да изостанат "филмчињата" на студентите од академиите присутни на Скомрахи. Тука се и неизбежните работилници како и научната конференција на тема Драматургија, под менсторство на професорот Русомир Богдановски.

Се разбира тука ќе бидат и неизбежните журки и дружења до раните утрински часови преку кои студентите ќе се дружат со своите врсници од Европа. Локација - хотел Континентал.


Светски ден на театарот
Јолевски: Театарот е конкретна магија

"Светот се менува во секоја секунда. Врие како во котел. Така живее современиот човек, а така живее и театарот. Уметниците се втурнуваат без страв да влезат во битка со непознатото и невозможното. Театарот е магија која е многу конкретна во своето предупредување, коментирање на реалноста, но и дијагностицирање на аномалиите на таканаречената реалност... Можеби Бекет во сета своја безнадежност ја потенцира токму желбата човекот да се обиде и покрај невозможните околности, да остане жив, па макар и правејќи си друштво самиот на себе.


Аугусто Боал: Општеството е театар

Секое човечко општество е театрално во секојдневното живеење, а во специјални ситуации прави театар. Тоа е театрално како креатор на разни форми на општествена организација, а создава и театар каков што е овој што ќе го гледате. Не се само свадбите и погребите театар, туку и секојдневните ритуали коишто ни се толку вообичаени што не сме ни свесни и не само големите свечености, туку и утринското кафе, заемното посакување добар ден, срамежливото додворување, бурнот излив на емоции, седниците на Парламентот, или пак дипломатските средби се е тоа театар.

(Б.Г.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 1690 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 31

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонските рудници во II Светска војна
--------------------------------
 Како макот ги преживеал Македонците
--------------------------------
 Првиот Млековод на Балканот во Македонија
--------------------------------
 Св. Прохор Пчињски
--------------------------------
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: