Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Монтипе ќе инвестира во Македонија
Сподели на Facebook
Проектот за изградба на фабриката е се уште актуелен, а во игра се и неколку други француски инвестиции во туризмот, дистрибуцијата и во обновливите извори на енергија - изјави амбасадорот Валеро

Француската компанија Монтипе, која требаше да гради фабрика за производство на резервни делови за автомобилската индустрија во индустриската зона Бунарџик, не се откажува од инвестицијата во Македонија. Проектот се уште е на маса и чека погоден момент за да почне да се реализира. Ова вчера го кажа Бернард Валеро, францускиот амбасадор во Македонија, кој потенцира дека светската финансиска криза директно влијаела на одложувањето на проектот. Според него, Франција планира да инвестира во земјава не само во овој проект, туку и во уште неколку други.
- Проектот не е напуштен, тој е доста актуелен, а во игра се и уште неколку други француски инвестиции во туризмот, во дистрибуцијата и во обновливите извори на енергија - изјави амбасадорот Валеро по вчерашното конституирање на деловниот клуб за економска соработка меѓу Македонија и Франција и земјите од Франкофонијата.

Валеро позитивно гледа на формирањето на клубот од причина што тој доаѓа како иницијатива од приватниот сектор токму онаму каде што кризата најмногу се чувствува.
Според амбасадорот, има напредок во француско-македонските односи, а посебен акцент треба да се стави на соработката во туризмот, земјоделството, транспортот но и соработката со индустрискиот сектор, кој е на задоволително ниво во Македонија.
- За нас Македонија иако не е во ЕУ е европски партнер. Затоа ако заеднички ги обединиме нашите напори за спас од кризата, заеднички ќе можеме многу побрзо да излеземе од неа - укажува амбасадорот Валеро.

Тој вели дека француските инвестиции во земјава во кавадаречки Фени, Руен од Кочани и на Сосиете Женерал се мошне значајни. За него, токму последната инвестиција придонесе за ревитализирање на македонскиот банкарски сектор
Вкупната трговска размена на земјава со Франција и со земјите од Франкофонијата лани достигнала 5,7 милијарди американски долари или 52,64 проценти од нашата вкупна надворешна-трговска размена.

Овие бројки, според Савка Димитрова, претседавач на Собранието на Стопанската комора, не е на задоволително ниво, бидејќи Франција е водечка светска економија речиси во сите сектори, особено во туризмот и земјоделието.
- Во Франција извезуваме топловалани производи од железо,тутун, текстил и прехранбени производи, а увезуваме автомобили, лекови, козметички препарати, суровини, машини и опрема - вели Димитрова.

Таа додава дека пречка за тоа е недоволната информираност на француските компании за нашиот стопански потенцијал и нивната ориентираност кон глобалните интернационални пазари.
Еден од иницијаторите за формирање на Деловниот клуб е и директорот на МЗТ Комерц Нова, Љупчо Величковски, кои нагласи дека неговата компанија порано многу соработувала со Франција, а тоа потоа постепено престанало.
- Иницијативата за продлабочување на деловната соработка потекна од Министерство за економија и од Стопанската комора. Соработката ќе се фокусира на трансфер на занења, технологии и извоз во Франција и Франкофонијата - вели Величковски.

Тој напомна дека на конститутивната седница, вчера, присуствувале и неколку француски компании од повеќе сектори.

Валентина МАРЈАНОВИЌ

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 2017 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 31

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
 Втор вселенски собор
--------------------------------
 Партизанската војна и антиката
--------------------------------
 Наумакија – македонска поморска вештачка битка
--------------------------------
 Св. мчка Тесалоникија со Авкт и Таврион
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: