Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Љубомир Фрчкоски: Битанга што напаѓа жени
Сподели на Facebook

ЈА ТЕПАШЕ СВОЈАТА СОПРУГА, А СЕГА ТЕПА И ДЕВОЈКИ ПО ПАРКИНЗИ

Неговата сопруга Алида Муча, во неделникот Фокус, го обвини дека ја тепал, често и пред децата. Сега Фрчкоски. Истиот тој сега се јавува во случај тепање девојка на паркинг која се скарала се неговата сегашна сопруга. Причина за кавгата е што неговата сопруга блокирала туѓо возило, па не дозволила тоа ни да и се префрли. Ја влечела за коса Катерина Велјановска, а потоа на помош и дошол и битангата Љубомир, кој во тепањето жени има претходно искуство


Поранешниот министер за внатрешни работи во Владата на Црвенковски и СДСМ, Љубомир Фрчковски, заработи прекршочна пријава за физички напад, а неговата сопруга, адвокатката Ирена Фрчковска, пријава за нарушување на јавниот ред и мир. МВР поднела пријава и против 24-годишната Катерина Велјановска, која заедно со Љубимир и Ирена Фрчкоски, во средата вечерта, учествувала во инцидент во центарот на Скопје, пред Тинекс, блиску до зградата на Сојузот на Синдикати.

Расправијата меѓу Ирена Фрчковска и Катерина Велјановска, поради паркинг место, се претворила во тепачка, во која се вмешал и сопругот на Ирена, Љубомир Фрчкоски кој врз Катерина Велјановска интервенирал со тупаници. Според изјавите на очевидците, наместо да ја смири состојбата, тој физички ја нападнал девојката која се карала со неговата сопруга.

Според исказите кои во полициската станица Скопје Центар подоцна ги дале Велјановска и нејзиниот дечко, 28-годишниот Александар Блажевски, чие возило било блокирано од непрописно паркираното возило на Фрчковска, тие биле нападнати. Неговата девојка била нападната од сопругата на Фрчкоски и била влечена за коса, а потоа на нападот врз девојката се придружил и Љубомир Фрчкоски. Поголем инцидент спречила полицијата која интервенирала.

-Ние чекавме блокирани од автомобилот на Фрчкоски повеќе од 40 минути. Кога дојде Ирена Фрчкоска, јас и префрлив што така, непрописно и арогантно без грижа за потребите на останатите, е паркирана. Таа почна да вика и да се заканува со зборовите "Знаете ли вие која сум јас. Сега ќе видите вие, ќе ви извадам пиштол", и се обиде да ме нападне. Мојот дечко само и ја фати раката за да не ме удри, раскажува Велјановска, додавајќи дека во тој момент повикале полиција и влегле во својот автомобил.

Нејзиниот дечко Блажевски вели дека за неполни 10 минути дошол Фрчковски. Без никакво образложение ми удри две тупаници и почна да ја влече Катерина за коса. Јас не изреагирав, само се обидов да ја смирам ситуацијата. Потоа дојде полицијата која ние ја повикавме, објаснува Блажевски.

Професорот Фрчковски пак има друга верзија за настанот. Признава дека два пати го удрил Блажевски, но негира дека ја нападнал девојката. Вели дека неговата сопруга била нападната од Велјановска и Блажевски, најпрвин со навреди, а потоа и физички.
-Точно е дека вознемирен од настанот му удрив две шлаканици на дечкото и му реков "Како не ти е срам". Јас само ја бранев сопругата и моето малолетно дете од нивните напади врз нив. Тие ја навредувале и турнале мојата сопруга, вели Фрчковски.

Полицискиот увид утврдил одговорност на Ирена и Љубомир Фрчкоски, како и на Катерина Велјановска. Според тој увид на полицијата момчето на Катерина воопшто не учествувало во тепачката, и затоа МВР против него нема ни поднесено пријава.

Семејството на нападнатата 24-годишна девојка Катерина Велјановска, најавува приватни тужби за синоќешниот инцидент.
Љубомир Фрчкоски е единствен пример на бивш, или сегашен политичар, кој повеќе пати се јавува како силеџија, односно насилник врз жени. Првиот пат кога неговата поранешна сопруга Алида Муча во отворено писмо објавено во неделникот Фокус го обвини дека физичка ја малтретирал, тепал дури и пред децата. И сега, кога МВР му поднесува пријава за физички напад врз Катерина Велјановска. Колку вакви случаи има Љубомир Фрчкоски зад себе за кои јавноста досега не дознала?

Неговата јавна кариера е затворена приказна. Дали неговите работодавци на Факултетот и во медиумите ќе го констатираат тоа, зависи од нивната етика. Тепањето жени не препорачува никого ни пред студенти, ни пред читатели. Нејзиното продолжение, со ваков морал и изразито насилен поглед врз односите со околината, може да биде само мачење и за Фрчкоски и за неговата околина. До следното насилство кое, согласно претходните искуства, од него може да се очекува.

ШТО, ЗА ТЕПАЊЕТО ЖЕНИ, ПИШУВА СИЛЕЏИЈАТА
(Од колумна на Фрчкоски објавена во Дневник, Наслов: Давител против давителот)

Шефот на главната коалициска партија (Мендух Тачи, ДПА) во Владата, како во филмот "Давител против давителот" - дави жени низ парламентот! Што би рекол Лека Дукаѓини на ваков потег на соплеменикот? Премиерот се оградил и го осудил овој инцидент? Ма не е можно! Каков "предивен" гест! Се изредија сите можни коментари и скандализирања од оваа "ѓурултија" и јас нема да долевам масло на нашата рана. Сакам само да Ви обрнам внимание кога веќе почна долгоочекуваната забава, на креаторот на климата на лошоменаџирани меѓуетнички односи, што го нарекувам: садење тикви со ѓаволот.

Нормално кога дојде до разврска создаваната напнатост, најзабавни за читање секогаш се приказните на разни конспиративни дувла по магазинине и телевизиите. Така седам пред телевизор овие денови, драги мои, во влечки со туфни и на мое изненадување дознавам (од оној семкар од ДПА) дека јас, како познат криминалец, нормално, стојам и зад ова нивно расчукување низ парламентот!


Марјан Николовски

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 16987 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,71 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 30

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Најкрволочното куче од антиката и Македонците
--------------------------------
 Крај на влијанието од Рим врз Цариград
--------------------------------
 Крстот на кој е распнат Исус, низ Македонија
--------------------------------
 Св. Андреј Јуродив
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: