Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка XXVI
Сподели на Facebook

Спиридон Гопчевиќ од Виена – на Чедо Мијатовиќ, Министер за надворешни работи на Кралството Србија во Белград

М е м о р а н д у м

Во однос издавањето на моето дело за Македонија.

Кралската Српска влада заклучи договор со мене за издавање дело за Македонија. Во овој договор Кр. срп. влада се обврза, дека ќе депонира сума од 11.000 динари во злато к/а/ј Виенското пратеништво со цел обнародување на делото, и дека ќе ми исплати 12.500 динари во злато во месец ноември 1888. 

Бидејќи има уште 1-4 дена до 1. декември нема да зборувам за последната точка, но на жалост морам да констатирам дека Кр. срп. влада не депонира/ла/ ниту еден денар кај Виенското пратеништво, иако го молев /.../ пратеникот неколку пати да ургира за оваа работа.

БЕЗ ПАРИ НЕ МОЖАМ НИШТО ДА НАПРАВАМ. За првите употреби заложив обврзници во вредност од 2.000 ф./-ор./ за кои добив 1000 фор. од ц.кр. народна банка во Виена. Но оваа сума не е доволна. Уште сега треба да нарачам дрворези и карти за делото, зашто тоа секогаш трае неколку месеци, а делото треба да биде готово до 1. април 1889 год. Печатењето на делото не може да почне ако дрворезите не се веќе готови, а јас не можам да заклучам договори со печатарите, дрворесците и “ Militar geografich. Institut”-от кога не сум во состојба да платам капар или да депонирам пари.

Ако владата не сака, значи, да делото се обнароди во летото 1889 год. или уште подоцна – така да се осуети целта на издавањето – тогаш е неопходно нужно да добијам барем половина од договорената сума што побрзо.Ја употребувам ова прилика да и јавам на Кр.ср. влада состојбата на целата работа:

Почнав да пишувам дело и имам речиси 130 страници во ракопис. Морав да ја прекинам работата зашто најдов дека е по нужно да ја поправам генералштабната карта и да пишам членок за “ Petermanns Mitteilungen “. На првата ПОПРАВИВ 1800 ИМИЊА, ИЗБРИШАВ 50 ИМИЊА А ВПИШАВ 200 НОВИ ИМИЊА; освен тоа ЈА КОНСТИТУИРАВ ВО КАРТАТА ГОЛЕМИНАТА НА РЕЧИСИ СИТЕ МЕСТА. Началникот на ц.Кр. војничко-географски институт (Feldmarchall-Leutenant von Wanka) МИ ЧЕСТИТА што толку сум поправил, и ми кажа дека австриската влада морално ќе ја потпомага картата за моето дело така ефтино како што е тоа можно. 

Од картата моето дело ќе го добие следното:

a. етнографска карта 1: 300.000 во 10 бои; два листа од по 56 x 36 cm. Оваа КАРТА ЌЕ БИДЕ МЕРОДАВНА ЗА ДИПЛОМАТИЈАТА И ЦЕЛИОТ СВЕТ , ЗАШТО НИКОЈ НЕ Е ВО МОЖНОСТ ДА НАПРАВИ ПОГОЛЕМА ИЛИ ПОДОБРА КАРТА. Кога Турција ќе биде разделена со КОНГРЕСОТ тогаш само мојата карта ЌЕ СЛУЖИ КАКО ТЕМЕЛ.

b. Прегледната карта, 1: 750.000, во исто време е лингвистична карта, и како таква во 6 бои: еден лист од 44 х 40 cm

Што се однесува за “Pertermanns Geografische Mitteilungen” познато е, дека ова списание е најмеродавно во географијата и.т.н па и за дипломатијата (особено германската). Јас тоа го согледувам, значи, за сјајна победа што уредникот ми ја пиша како што следува :

“ Ihre Karte hat mich sehr uberrascht” (зашто видел од Картата дека во Македонија и Стара Србија има 1,450.000 Срби и само 80.000 Бугари) u. sie wird zweifelsohne ausserordentliches Aufsehen machen u viel politischen Staub aufwirbeln. Das dars uns naturlcich nicht hindern, der Wahrheit die Ehre zu geben. Ihre serbische Nationalitat tut nichts zur Sache, denn Ihre Unparteilichkeit u. Wahrheitsliebe ist ebenso bekannt wie die Tatsache, dass sie die erst Autoritat bez. Der Balkanhalinsel sind. Ich werde daher Ihre Karte im Februarheft veroffentlichen”.

Во текстот за оваа Карта (1:750.000) – во 80 ракописни страници – ДОКАЖУВАВ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ СРБИ. Г. Милан Богиќевиќ (кому го прочитав овој труд и му ја покажав Картата) беше многу задоволен и кажа дека не мисли да може подобро и посведочно да се докажува одошто е тоа направено во мојот труд.

Сега морам да ги читам сите книги во кои се зборува за Македонија; значи 2 од Hahn, 2 од Mackensie-Irby, 2 од Grisebach, 3 од Leake, 5 од Cousinery, 2 од Boue, 1 од Barth, 1 од Офејков, 6 од Милојевиќ, 1 од Протиќ, сите години на “ Српство“, неколку врзоци од руските “Известија“, 2 книги на Пулевски, 3 од Pougueill – значи цела книжара. Делото нема, значи така бргу да напредува и нема да почне да се печати пред фебруари. Сепак делото може да се обнароди на 1. април ако владата постапи според договорот. 

Трошоците за издавање нема да бидат мали. Ако ја гледам огромната граѓа за делото, бројот на сликите, картите и красната “ Ausstattung”, тогаш се сомневам дека 11.000 дин. ќе бидат доволни; во секој случај делото од 640 страници, 40 слики и 5 карти во 8-10 бои, ќе чини околу 13.000 динари. 

Кога ќе се согледа целта на обнародувањето и користа, тогаш оваа сума е смешно мала – БУГАРИТЕ Lavellaye ГО ПЛАТИЈА 60.000 дин. за неговото незначајно дело ! – но во Србија парите се штедат баш тогаш, кога треба да се жртвува со полни раце, затоа сега ќе направам предлог до владата како може не само ништо да не изгуби туку и да се здобие со пари. Тоа ќе биде во случај ВЛАДАТА ДА ГО ИЗДАДЕ ДЕЛОТО НА ФРАНЦУСКИ И АНГЛИСКИ ПРЕВОД. 

Таквите преводи нема толку да чинат како германското издание зашто тогаш веќе имаме дрворези и камени карти. Преведувачот може да посака 1200 или 1600 дин., 1200 дин. би добил јас за право на превод, но за овие 2400 или 2800 дин. би /за/штеделе околу 4000 дин. за дрворези, околу 2000 дин. за камени карти. Освен тоа би имале корист да направеме поголема “Lavellaye“ зашто книгите во Франција и Англија се купуваат подобро отколу во Германија. Германското издание ќе изнесува 1500 примероци, но француското и англиското може да има 2500 прим. Цената на германското издание ќе биде можеби 10 марки-многу ефтино за такво дело, што инаку би чинело 18 или 20 мар., но на нас ни е намерата да и голема публика ја купува книгата – од кои доби/ / книжарот 4. Продажбата на целото издание ќе ни даде, значи, само 9000 мар. Или 10.750 дин. : губитокот значи 2250-или со хонорарот и патувањата 19.750 дин. Секој превод ќе чини можеби 9000 или 10.000 дин, а марките се продаваат за 12 ½ дин. по парче. Продажбата на цело издание би дала 18.750, значи 37.500 дин. за обата. Билансот тогаш би бил :

Продажба
Патување и хонорар 17.500 дин. на германско издание 10.750 д.
Германско издание 13.000 дин. на француско издание 18.750 д.
Француско ~ 9.000 дин. на инглиско издание 18.750 д.
Инглиско ~ 9.000 дин. Вкупно 48.250 д.
Вкупно 48.500 дин. Губиток 250 д.

Ако се најде и овој мал губиток, тогаш треба само да се покачи цената на книгата до 13 ½ дин. што уште е многу ефтино, па тогаш имаме загуба не загуба туку добивка од 3700 динари. 

Ако владата реши да се издаде делото и во француски и инглиски превод, тогаш треба скоро да се бараат способни преведувачи кои веќе после нова година ќе почнат да преведуваат , така да преводите се обнародат најдоцна до 1.јуни. Во тој случај треба секако владата да има 45.000 дин. на располагање, за да нема неприлики и забуни подоцна. БУГАРСКАТА ВЛАДА ЖРТВУВА СЕКОЈА ГОДИНА ПРЕКУ 2 МИЛИОНИ ЗА ЦЕЛ ДА ЈА ПОБУГАРИ МАКЕДОНИЈА, ДА КУПУВА ЈАВНО МНЕНИЕ И ДА ЈА ПРИПРЕМ/ /А ИДНАТА АНЕКСИЈА НА МАКЕДОНИЈА; зарем Србија нема маленкост од 45.000 дин. за оваа иста цел?

Спиридон Гопчевиќ
Книжевник од Виена
/сто ?/
август 1888. година
во Виена

(Извори – Оригинал Архив Србије, МИД ПО ф. I, досие V, Дов.бр.108/1889;“Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III [1888-1889],Белград 1987 год, стр.205-208)


Д о г о в о р

Заклучен помеѓу кр. српски министер за надворешни работи и г. Спиридон Гопчевиќ, книжевник

1. Г. Гопчевиќ се обврзува, дека за сметка на српското правителство ќе ја пропатува Стара Србија и Македонија, и по тоа издаде на свет, на германски јазик еден патопис, во кој ќе му изнесе на светот на видик, дека ТИЕ ЗЕМЈИ НАВИСТИНА СЕ СРПСКИ и дека во нив живеат во поголем дел Срби а не Бугари, како што тврдат овие и како што за жал мисли европската дипломатија.

2. Г. Гопчевиќ ќе отпатува уште оваа година. За трошоците на целото патување, за опремата и во име на хонорарот за делото и картите ќе му плати кр. српско правителство на г. Гопчевиќ (или на неговиот легитимен наследник) сума /од/ 17.500 (седумнаесет илјади и пет стотини) динари во злато, но дури во првиот месец на пресметковната 1889 година.

3. Српското правителство се обврзува, дека во случај, да г. Гопчевиќ загине на ова патување,ќе направи предлог до законодавното тело, да на вдовицата неговата г-ѓа Фана до смртта, или во случај на нејзино премажување или прерана смрт, - наа неговите деца до полнолетството им се издава пензија од 2500 (две илјади и пет стотини) динари во злато годишно.

4. Г. Гопчевиќ ќе се труди, да најде печатар за делото за Македонија и Стара Србија, ако има успех кр. српско правителство не треба да се грижи за издавање на книгата. Ако не најде способен книжар, тогаш делото ќе се печати и издава на трошок од српското правителство, за која цел ќе се депонираат 11.000 (единаесет илјади) динари во злато кај Виенското пратеништво. Но печатењето и издавањето има ТАКА ДА СЕ СЛУЧИ, КАКО ДА , г. ГОПЧЕВИЌ ГО ИЗДАВА НА СВОЈ ТРОШОК, КАКО НЕ БИ СЕ ПОСОМНЕВАЛО, ДЕКА СРПСКОТО ПРАВИТЕЛСТВО Е ВО ТОА ЗАМЕШАНО. Г. Гопчевиќ ќе го заклучи во свое име договорот со способен книжар, кој делото ќе го издава, т.е во комисион ќе го прими без да тоа се печати на насловната страница. Книжарот секоја година ( по Велигден) од конечната распродажба на делото ќе му полага сметки на г. Гопчевиќ, а овој таа сметка со добиените пари од продадените книги ќе ги праќа на Касата од министерството за надворешни работи. Заради исплата на трошоците околу издавањето на делото од г. Гопчевиќ ќе зема од депонираните 11.000 динари колку што ќе биде потребно и по тоа ќе полага уредна сметка на г. пратеник, кој во свое време ќе ја испрати конечната пресметка на благајната од министерството за надворешни работи.

Чед. Мијатовиќ
Спиридон Гопчевиќ
во Белград август 1888
во Виена август 1888

Нахнадно кон она што е напред, утврдено е уште помеѓу потпишаниот Министер за надворешни работи и г. Гопчевиќ, дека кралската влада на Г-нот Гопчевиќ, во име на понатамошното признание за општонародна работа за која е зборот, бидејќи и кога ќе ја изврши ќе продолжи барем за идните десет години да му издава месечна помош која и до сега ја уживаше.


Чедомир Мијатовиќ, Министер за надворешни работи на Кралството Србија во Белград

Министер
за надворешни работи
Чед. Мијатовиќ
Спиридон Гопчевиќ
31. август 1888.
Во Белград

(Извори – Оригинал Архив Србије, МИД ПО ф. I, досие IV, Дов.бр. 263/1889;“Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III [1888-1889],Белград 1987 год, стр.208-209)

Од писмото се наметнуваат следните факти :

1. Српската влада прави договор со Спиридон Гопчевиќ за издавање пропагандно дело за Македонија, со ветена сума од 11.000 динари во злато кај Виенското пратеништво за обнародување на делото, и уште 12.500 динари во злато во ноември 1888 год. (вкупно 23.500 динари).

2. Гопчевиќ ја поправа со српски топоними и генералштабната карта а пишува и членок за “ Petermanns Mitteilungen” (поправа 1800 имиња, целосно бриши 50 имиња, впишува нови 200 имиња и ја конституира големината на речиси сите места).

3. Началникот на Австрискиот војничко-географски институт Feldmarchall-Leutenant von Wanka со честитките и укажувањето дека Австрија морално ќе ја потпомага картата, го навестува и австрискиот интерес. Србија во ова време е во австриска зависна сфера, па веројатно во оваа карта и Австрија би го правдала интересот за евентуален свој посреден излез на Егејот.

4. “Етнографската” карта со размер 1: 300.000 во 10 бои; два листа од по 56 x 36 cm. од српски пропагандно-интересен поглед би била МЕРОДАВНА ЗА ДИПЛОМАТИЈАТА и светот. Значи уште тогаш СЕ СМЕТАЛО НА ПОДЕБАТА НА ТУРЦИЈА на меѓународен “КОНГРЕС”, каде на српските интереси оваа карта “ЌЕ СЛУЖИ КАКО ТЕМЕЛ”.

5. И уредникот на списанието “ Petermanns Geografisshe Mitteilungen” (од “најмеродавните” во географијата и дипломатијата), со поддршка на Гопчевиќ и картата, што било српски успех (видел “1,400 000 Срби и само 80.000 Бугари во Македонија”!). Во текстот за картата 1:750.000 на 80 стр. Гопчевиќ ДОКАЖАЛ дека Македонците се “СРБИ” (и за Милан Богиќевиќ нема дело кое “подобро и посведочно” го докажува ова ?!)

6. Гопчевиќ како српски пропагандист (како и другите пропагандисти) за правото над Македонијa ги следи делата врзани за неа (2 од Hahn, 2 од Mackensie-Irby, 2 од Grisebach, 3 од Leake, 5 од Cousinery, 2 од Boue, 1 од Barth,1 од Офејков, 6 од Милојевиќ, 1 од Протиќ, сите години на списанијата“ Српство“ и неколку врзоци од руските “Известија“, 2 книги на Пулевски и 3 од Pougueill).

7. Вкупниот трошок за делото бил со сума “смешно мала” (БУГАРИТЕ Lavellaye ГО ПЛАТИЛЕ 60.000 дин.), Гопчевиќ на српската влада уште и нуди “добивка” (делото да се издаде на француски и англиски јазик и да се продава во Франција и Англија).Гопчевиќ дава и целосен биланс на сите трошоци и добивки од преведените изданија на делото.

8. За да ја согледаат Србите подобро ваквата “мала” жртва, Гопчевиќ ја дава сумата која бугарската влада годишно ја дава за “да ја побугари Македонија, да купува јавно мнение и подготвува идна анексија на Македонија” (преку 2 милиони динари); се прашува дали Србија нема маленкост од 45.000 дин. за оваа иста цел ?

9. Српската влада се загрева за предлогот на Гопчевиќ особено за “добивката” и од финансиски аспект па прави дополнителен договор. Интересно, владата бара печатењето и издавањето да изгледа, КАКО ДА, ГОПЧЕВИЌ ГО ИЗДАВА НА СВОЈ ТРОШОК, КАКО НЕ БИ СЕ ПОСОМНЕВАЛО, ДЕКА СРПСКОТО ПРАВИТЕЛСТВО Е ВО ТОА ЗАМЕШАНО (Гопчевиќ ќе го заклучи во свое име договорот со книжар). Книжарот секоја година ( по Велигден) од конечната распродажба на делото ќе му полага сметки на г. Гопчевиќ, а овој таа сметка со добиените пари од продадените книги ќе ги праќа на Касата од министерството за надворешни работи на Србија.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4871 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,55 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 19

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонките заслужни за победата на Аргеј I
--------------------------------
 Античката “Теургија” и македонскиот фолклор – едно
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Како макот ги преживеал Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: