Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка XXI
Сподели на Facebook

Петар Шалгановиќ, ученик на IV одделение од бугарското училиште во Скопје – на Петар Манојловиќ, вицеконсул на Кралството Србија во Скопје

Милостивиј Господине,

Долепотписаниј свршив IV-то одделение во овдешното бугарско училиште. Немајќи родители или друг опекун кои би ме поддржале во по-више училиште, останав две години учител. 

Но сега, кога разбрав дека Вие помагате бедним МАКЕДОНЦАМ, кои го признаваат своето српско семејство, најдов за нај-добро да се отпратам кон Вас, Милостивиј Господине, с ова просба, да Вие би ми средиле, ако е можно, средства за продолжување на учењето во српска гимназија. Ова благодјејаније е многу скапо за мене и јас не ќе можам да најдам зборои с кои би морал да Ви благодарам за тоа. Надјевајќи се што мојата смирена просба, Вие радо ќе ја примете, чест има да сум.

Ваш покорен слуга
П. Шалгановиќ
19 јулиј, 1888.
Скопје

(Извори – Архив Србије, МИД ППО ф. II,115/1888; Др. Јован Хаџи Васиљевиќ “ Споменица Св.Сава [1886-1936 ]”,стр.301;“Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III [1888-1889],Белград 1987 год, стр.178)

- Димитрија Диниќ, од Долни Порој кај Солун – на Туторите од Фондот од А. Игуманов во Белград.

На Туторите од Фондот Игуманов

Свршив V одделение гим. Во Солун, и тоа со успех. Од шест предмети сум оценет со шеска од четири со петка, од еден четворка, еден тројка; поведение примерно.
Уверението ќе го понесам со себе при поаѓање. 

Говорам и пишувам турски и грчки. 

Молам да поработете да го продолжам образованието на мајчин јазик – српски јазик како питомец.
Во сиромашна состојба сум, затоа молам за трошок до местото / пребивалиште/.

10. август 1888 понизен
во Солун Димитрија Дониќ
од Долн. /П/орој

(Извори – Архив Србије, МИД ППО ф. II,134/1888;“Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III [1888-1889],Белград 1987 год, стр.183)


Од писмото се наметнуваат следните факти:

1. Од двајцата ученици-Македонци кои се обраќаат до српските конзулати во Скопје и Солун, се согледува големата потреба од образование кое им е поважно од наводната народност која зависно каде се обраќаат така ја декларираат, заради бесплатното учење и бегање од ропските услови.

2. Првично учат во бугарско училиште (каде треба да се декларирани како “Бугари”) за да продолжат во српско но и заминат во слободна Србија, еве наоѓаат “српско семејство” или “српски мајчин јазик”.

3. Дека сепак се национално свесни како Македонци, доволно се согледува кога ученикот Шалгановиќ најпрво вели дека е Македонец (“бедним Македонцам”) а потоа дури додава - “кои признаваат српско семејство” (?!) очигледно само заради одобролување на насловот.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4831 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 20

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Кошула за вардење од уроци
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Македонија прва по ранохристијански локалитети
--------------------------------
 Најславната песна за Палестина е од Македонец
--------------------------------
 Музејот како поим потекнува од деветте музи
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: