Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Истрел
Сподели на Facebook

Филм од 1972 година

Младоста, чија храброст секогаш е без предрасуди, и во Скопје за време на бугарската окупација во Втората светска војна, сакајќи ја слободата за својот народ, се решава на низа акции, меѓу кои најголема е - атентатот врз бугарскиот полициски началник Емануел Мачков. По пристигнувањето на Емануел во началството, тој на своите агенти им наредува да обрнат големо внимание на младите од Дебар маало, Пајко маало и Чаир.

Во меѓувреме, заради безбедно поминување на партизанскиот одред во близината на Скопје, во градот треба да се организираат низа помали акции кои би го свртеле вниманието на полицијата врз себе. Така другарите Дано, Доне, Игор и Боро преземаат акција на аеродромот, при што ги палат авионите. Како реакција, полицијата врши рација, собира само млади луѓе кои се изложуваат на големи мачења. Истовремено, партизанскиот одред при преминувањето на Вардар упаѓа во заседа. Момчињата му помагаат на ранетиот Мите Димов да ја избегне заседата и го пренесуваат кај Анѓа, додека Никола е отсутен. Полицијата ги претресува сите сомнителни куќи и го наоѓа ранетиот партизан во куќата на Никола. По тешки измачувања, без да признае пред полицијата, Мите е убиен. Поради убиството на Мите во градот се растураат летоци, железничарите свират со сирените, се затвораат дуќаните.

Месниот комитет решава да се организира атентат врз Емануел. На денот на атентатот момчињата ги заземаат своите места на улицата, пред куќата на Емануел, и по заминувањето на неговиот автомобил, тие го убиваат. По атентатот момчињата мораат да заминат од градот. Меѓутоа, при излегувањето од градот, поставена им е заседа и сите, освен Дано, гинат.

 

Режија: Гапо Ивановски Бранко
Сценарио: Солев Димитар
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Монтажа: Тасевски Спасе
Главни улоги: Арнериќ Неда, Арсовски Петар, Деспотовски Питомир, Димитриевиќ Слободан, Рубен Емил, Светиев Владимир, Тушар Мајда, Шишков Ристо
Споредни улоги: Автовски Никола, Ангеловски Шишман, Васовски Панче - Камшик, Видов Тома, Гешовски Димитар, Грозданов Мите, Дамевски Дарко, Исаја Јован - Јон, Колозов Ѓорѓи, Костовски Драги, Милосављевиќ Ненад, Попов Киро, Спиркоски Благоја - Џумерко, Стефановски Ацо, Ќортошев Кирил, Фелба Драгомир
Музика: Ковач Корнелие

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4381 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 32

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонскиот антички штит бил дрвен
--------------------------------
 Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
--------------------------------
 Македонците ги носат слоновите во Европа
--------------------------------
 Златото на Персија кај Александар
--------------------------------
 Академија – историјат
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: