Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 3276
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани

Религија > Ислам > Доаѓањето на Исламот во Македонија
Односот на османлискиот ислам кон другите
Сподели на Facebook
На македонско тло и во периодот од XV до XIX век статусот на Македонците и останата немуслиманкса раја, обесправена и потчинета, не се менува.
Рајата според сфаќањата на исламот што го реализирале турските власти на свој начин и желба, дошла во економска потчинетост и зависност. Покрај редовните даноци и разните давачки,таа ги сносела и сите вонредни, како при војните и движењата на аскерот, кулучењето и физички јавни работи и сл.. Секогаш давачките на Македонците и останатите немуслимани, сразмерно се далеку повисоки одошто оние на муслиманите. Општествената нееднаквост и морална запоставеност оделе под рака со економската потчинетост. Згора на сето, се вршела постојана верска дискриминација на сите можни начини.


Покрај редовните даноци Македонците биле изложувани и на дополнителни, со постојаните војни на Османлиите

Турската империја била муслиманско царство во кое нееднакво се третирани муслиманите и покорената раја-неверници (дин, душмани). Меѓу овие два верски и политички одвоени слоеви, немало мост. Тие морале да останат непријателски расположени: муслиманите со насилие да ја оддржуваат државата и ги користат сите повластици кон рајата, а таа пак (т.е “неверниците“) да ја рушат таквата држава и ги истакнуваат своите права на слобода и отцепувања од неа. Немуслиманите всушност се принудени на тоа бидејќи во рамките на таквата држава немале никаква гаранција ниту рамноправност верска, социјална уште помалку политичка. Полноправни граѓани во таа држава се само муслиманите а припадниците на другите вери чинеле една бесправна копа (куп) со име “ѓаур“ (неверник, неприпадник на исламот), на кое име му се додал и еуфемистичкиот назив “раја“.


Војните на Османлиите им се за освојување на нови територии и создавање бесправна раја

Коранот бил закон за целото царство па рајата не само што немала никакви политички права, туку немала ниту безбедност на животот и имотот. Предмет на “одобрен” грабеж од претставници на владеачката вера во секој миг можело да биде се што поседувал немуслиманот: пари, ниви, стока, деца, жени и сл. Рајата во царството служела како неопходно бело ропство, корисно за царството и одделни слоеви муслимани низ своите давачки, стопанство, кулук и др. Се што на отоманскиот Турчин му недостасувало можел да си го земе од рајата. Сите обиди да се реформира Турција во овој однос, се кршеле од нејзиното теократско уредување. Воспитани од детството во духот на Коранот, често погрешно сфаќан и толкуван од Турците (заради што и се изродуваат разни правци на учења и секти од исламот за време Османлиите) апсолутно не можеле и биле неспособни за реформи ниту пак да ја видат ползата од истите. Сите реформи и обиди за нив, останувале мртво слово на хартија. Заради теократското уредување и таквиот став изграден од Османлиите во основата на исламот врз христијанството, Турција била исклучена од друштвото на европските држави. Султанот како заколнат варварин останал изолиран а тој и неговото царство во Европа биле анахронизам.


Отоманска Турција често со погрешни толкувања на Коранот и развој на секти, неспособна е да се реформира и заостанува далеку зад Европа

Во оваа смисла и Дентон своевремено за ова ќе запише:

“Нема надеж дека некогаш ќе биде подобро додека трае султановата власт. Злото денеска не доаѓа толку од лошиот карактер на турскиот народ колку од расипаноста на турската власт, сите недела доаѓале во името на падишахот додека фанатизарините Турци како муслимани на кои од бога `им било дадено` да владеат над христијаните, предводат во крвавите настани по желба на султаните и нивните советници“ (В.Дентон “Кристијани у Турској“, Нови Сад, 1964, стр. 87-88).

Свечените декларации за реформи од султаните кога доаѓаат кај извршителите и кадиите повторно  се спроведуваат произволно
Со свечените декларации на некои султани за реформи според кои на христијаните им се признавале исти права, секогаш се постигнувале спротивни ефекти. Како по правило по овие објави, состојбата со христијаните се влошувала насекаде. Реформите со Хатишерифот и Хатихумајунот значеле вистински да се почне нешто но и овие одредби тешко се спроведуваат. Ѓулханскиот Хатт-и-шериф од 1839 год. го декларира принципот на чување на законите, а бидејќи закони во вистинска смисла на зборот не постоеле во Турција, во актот од Ѓулхане се препорачува враќање кон правилата на Коранот. Со него се воведоа некои олеснувања за рајата, но феудалниот систем во целост е негибнат. На 18.II.1856 год. кога положбата на империјата е пак ослабена, се издава нов реформистички акт, со кој се определува внатрешната организација на отоманската империја, Хатт-и-хумајунот, со кој меѓу другото султанот им ги гарантира правата на христијанските поданици,(но се разбира на хартија).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 649 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 09 септември 2010
Моментно посетители: 1

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Кучињата од антиката во служба на Македонците
--------------------------------
 Двобојот и Македонците
--------------------------------
 Св. ап. Тимотеј
--------------------------------
 Софија, подигната и обновена од цар Македонец
--------------------------------
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: