Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Пештерната црква Света Богородица
Сподели на Facebook

Два километри од Манастирот Света Петка, на околу половина час пешачење од село Велгошти, а некаде на средината од јужната падина на гребенот “Клучка” е сочувана една мала пештерна црква посветена на Света Богородица.

Ова монашко живеалиште е сместено во една природна пештера во неправилен облик од неколку метри квадратни, вкопана како орловско гнездо во карпестиот предел на планината Петрино, поточно на јужната страна на возвишението “Олмец”, а во длабочината на кањонот каде тече реката Сушица.

Пристапот кон црквата е многу тежок, скоро непристапен, а од месното население на селото Велгошти оваа црквичка се посетува на празникот Тодорова Сабота, шест недели пред Велигден. Од некогашниот фреско-живопис сочувани се само фрагментирани остатоци во олтарниот простор од коишто се доаѓа до сознание дека црквата била употребувана за монашки потреби и кон крајот на XV и XVI век. Ова не значи дека истата не била користена многу поодамна, уште во XIII и XIV век, кога на овие простори бил мошне раширен анахоретскиот монашки живот.

Зографот на овој живопис, во исликувањето на света Богородица со малиот Христос, го имал предвид наследството на охридската сликарска школа од XIV век, а тоа посебно се гледа во третманот на изведување на делови од лицата: устите, носот, веѓите и т.н.
-----------------------------------------------------------------------------------------------
Легенда: Мештаните од село Велгошти ни ја кажаа следнава легенда (предание): Првобитно оваа црква била посветена на света Петка. Во оваа пештерна црква имало отвор, навистина се уверивме, и истиот се наоѓа во северниот дел на пештерата и дека тој канал, што излегува кај манастирот Света Петка, е оддалечен околу два километри. Кога го граделе манастирот Света Петка, иконата што била посветена на неа секое утро од манастирот “бегала” и тие ја наоѓале во пештерната црква. За да се уверат мештаните пуштиле една коза внатре и таа навитина излегла кај манастирот...

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5729 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 175

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 “Соломоново клејмо” – заштита од зло
--------------------------------
 Аквадуктите и нивната функција
--------------------------------
 Преп. Теофан
--------------------------------
 Апокрифи – скриени списи
--------------------------------
 Вампирите кај Македонците уште во XII век
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: