Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8854
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Пештерна црква Св. Спас, с. Вишни
Сподели на Facebook

Црквата се наоѓа на околу два километри североисточно од с. Вишни, по кањонот на реката Сушица, на местото викано “Трпезите”.

Поставена во една карпа, која од подножјето па до самиот објект е во висинска разлика од околу деведесет метри, совладана со патче вкопано во карпестиот терен, а во поново време со бетонски скали и железна ограда.

Природниот отвор на пештерата се наоѓа на јужната страна и е затворен во долниот дел со камен, во кој е сместена влезната врата. Денес од стариот храм, направен од дрвена граѓа, останале само траги.

Денес лошата состојба на живописот се должи пред се на непосредното влијание на атмосферската влага, која за време на влажните преиоди од годината навлегува во внатрешноста и предизвикува механички ерозии.

Во апсидалниот дел е насликана Св. Богородица која за првпат е сигнирана како Спилиотиса, т. е. Пештерна, од типот на Оранта, со малиот Христос на градите, а под неа е насликана голема композиција “Литургиска служба на Светите архиереи”: Св. Василие Велики и Св. Јован Златоуст. Тие се поклонуваат на Светата трпеза на која е положен малиот Христос. На северната страна се насликани Светите врачи - доктори: Св. Кузман и Дамјан, а до нив Светителките – маченици: Св. Марина, Св. Недела, Св. Текла и Св. Петка.

Непознатиот зограф ни се покажува како солиден мајстор кој своите фигури многу вешто ги вклопува во нерамниот простор, поради што тие не губат многу од реалноста на формите и пропорциите. Реален е впечатокот дека насликаните ликови во овие композиции зографот многу вешто ги трансформира преку една монументална форма.

Сумирајќи ги на крај целокупните досегашни искажувања на оваа пештерна црква, би заклучиле дека е сочуван еден извонреден и по својата специфичност редок споменик, каде што човекот – испосник, користејќи ги природните убавини, направил едно пријатно култно место за своите потреби.

Легендата и обичајот како се празнува Св. Спас во оваа црква

Спасовден, како што нашите луѓе го нарекуваат денот на Христовото Вознесение, е еден од дванаесетте главни религиозни празници што со голема почит се слават ширум христијанскиот свет. И во македонија, четириесетиот ден по Велигден – кога според библиското предание, Христос се вознесол на небото, бил посебно одбележуван. Особено свечена атмосферата на тој ден била во селата каде луѓето, поради својата исконска поврзаност со природата на овој празник му придодавале и свои фолклорни толкувања, поврзувајќи го вознесот на Божјиот Син со вечната обнова на природата.

Во струшкиот крај, поточно во селата Вишни и Вевчани, Спасовден е ден кога тамошните луѓе се потсетуваат на една стара легенда. Како што кажува таа – во Вевчани некогаш живееле брат и сестра кои со голема љубов и без остаток му се предале на христијанството и живееле во свет живот. Поради ова, населението од целиот крај ги прифатил како светци и кон нив се однесувале со особена почит.

Особено била почитувана сестрата која се викала Спасица, која кога се задевојачила, се преселила во пештерната црква кај с. Вишни каде, живеејќи како калуѓерка и ткаејќи по цел ден килими на разбој, го минала остатокот од својот живот. По нејзината смрт, а живеела долго, селаните од с. Вишни сакале да го сочуваат споменот за неа. Неколку години од кога починала, тие го зеле нејзиниот череп и го однеле во Струга кај најдобриот и најпрочуениот кујунџија од тоа време за тој од срма и филигран, да направи сребрена маска со која ќе се заштитат останките на Светата Спасица. Во годините потоа маската на Св. Спасица станала најценета реликвија на пештерската црква. Оттогаш секој Спасовден девојките од с. Вишни и околните села се собираат за да појдат на поклонение во црквата носејќи притоа подароци. Имено според легендата се верува дека таа ќе им помогне што побргу среќно да се омажат. Според утврдениот ритуал девојките, откако ќе се поклонат на Светицата ја земаат нејзината сребрена маска и со неа го обиколуваат целото село, одејќи од куќа на куќа и собирајќи дарови за црквата.

Инаку, честа да ги носи реликвиите на Св. Спасица секогаш и паѓа на најстарата немажена девојка од селото бидејќи се верува дека тоа ќе и помогне да го најде својот к'смет, т. е. своето момче...

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5574 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 24

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Кулите како градби во Македонија
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
 Првото нуркачко ѕвоно на светот од Македонците
--------------------------------
 Св. мччка Теодотија со трите деца
--------------------------------
 “Соломоново клејмо” – заштита од зло
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: