Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Манастир Св. Богородица Пречиста
Сподели на Facebook
Манастирот Св. Богородица Пречиста се наоѓа на падините на планината Врвој, на оддалеченост од 12 километри од градот Кичево.
Тој е подигнат на надморска височина од 920 метри и до него се стасува преку еден вијугав асфалтиран пат, што ја сече богатата дабова шума.

Манастирскиот комплекс, којшто порано се викал Крнински манастир (по селото Крнино што постоело во негова близина сé до XIX век), се состои од црквата посветена на св. Богородица Пречиста, која е една од поголемите сакрални објекти во земјава, и конаците во кои денес постои монашки живот. Конаците се висококатни и изградени, така што елегантно и заштитнички ја опкружуваат црквата, поставена во средишниот дел на манастирскиот круг, а е дворот убаво и внимателно уреден со зеленило и цвеќиња за кои се грижат калуѓерките кои тука го нашле својот духовен мир. Спокојната и хармонична атмосфера е надополнета и со малите припотомени срнички кои како свој дом го избрале овој манастирски комплекс. Во манастирот се влегува преку една прекрасна двокрилна врата изработена од дрво, која ја следи логиката на просторот и одлично се сложува со богатата шума.

Во документите и списите кои сведочат за историјата на манастирот, забележано е дека тој трипати бил уништуван. Првпат во 1515 година, а потоа и во 1558 и 1847, кога бил опожарен. Во XIX век, од страна на игуменот Теодосие, а со помош на народот од западниот дел на земјава, била подигната црквата каква што ја среќаваме и денес. За живописувањето на нејзината внатрешност биле ангажирани познатите македонски зографи, Дичо Зограф и неговиот син Аврам, кои со својот впечатлив сликарски талент ја вброиле црквата во групата на исклучително вредните компоненти од македонската културна ризница. Дичо зограф, во 1852 година, го исликал олтарниот простор, додека Аврам, триесетина години подоцна, работел на куполата и во јужниот и северниот дел од наосот. Во црквата со својата вредност се истакнува и прекрасниот иконостас, како и црковните книги меѓу кои е Четвороевангелието од XIV век и Псалтирот од XV век. Карактеристично и вредно да се спомене за оваа црква е тоа што самиот објект е поделен на два одделни дела, од кои едниот е христијански храм-црква, а вториот е муслимански сакрален простор каде луѓето со исламска вероисповед ги реализираат своите религиозни потреби. Во црквата се наоѓа и извор со света вода, посветен на света Богородица, каде луѓето го бараат својот спас, лекот за низа болести и исполнувањето на желбите. 

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6663 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 18

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
 Најголем рудник за воденички камења
--------------------------------
 Најстарото дрво во Македонија
--------------------------------
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: