Во непосредна близина, јужно од црквата Св. Димитрија, од десната страна на патот, на самите карпи, се наоѓа црквата посветена на чудотворецот Никола.
Подигната е на доминантно место, во стариот дел на градот во непосредна близина на црквата Св. Климент. Над јужниот влез од внатрешноста е откриен натпис од кој дознаваме дека црквата е подигната и живописана во 1477 г.
Западно од рибарската населба-Канео, на една карпеста височинка над самото езеро , се наоѓа црквата посветена на Св. Јован. Подигната е во времето на охридското семејство Теологите околу 1280 година.
Недалеку од Горна Порта, на самиот излез од дворот на Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) се наоѓа малата еднорабна црква посветена на Светиот воин Димитрија.
На самиот излез од Велес, од десната страна на самиот пат кој води кон Градско, се наоѓа манастирот Св. Димитрија.
Овој исклучителен споменик на архитектура и живопис, според натписот кој се наоѓа на задниот влез, од внатрешноста, го подигнал византискиот намесник Прогон Згур, роднина на византискиот император Андроник II Палеолог во 1295 година.
Во групата цркви сместени на Скопска Црна Гора припаѓа црквата Свети Спас, во село Кучевиште, посветена на Светото Воведение Богородичино. Таа е една од најстарите цркви во тој крај.
Во селото Лешок постојат две цркви посветени на светецот Атанасиј- едната е од постар, а втората од понов датум.
Во непосредна близина на скопското село Љуботен сместено на падините на планинскиот масив Скопска Црна Гора, е подигната црква посветена на свети Никола.
Манастирската црква посветена на светецот Леонтиј се наоѓа во селото Водоча, во близина на Струмица. Планинскиот амбиент ја засилува нејзината духовна убавина и, воедно, ја прави оваа црква различна во секоја сезона од годината.
По Илинденското востание, турскиот терор врз македонскиот народ земал страотен замав.
Децимирањето (лат.”decimatio” = десеткување) е вид казна врз воени единици дела на кои не можело да им се утврди вистинскиот виновник.
Моштите на Великомаченицата Света Марина се наоѓаат во Манастирот “Св. Марина“ во областа Мала Преспа, токму меѓу Македонците и среде македонските села во Албанија. Таму сеуште се случуваат чуда над нејзините мошти.
1343 год. , Византија веќе длабоко заглабена во финансиски проблеми и постојани зголемени трошоци за одбраната од се побројните агресори, зема нов кредит од богатата Венеција, во висина од 30 000 златни дукати со камата од 5% годишно.