Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Одринско (Тракија)
Бугарски ѕверства во Тракија
Сподели на Facebook

Извештај на руски полицаец (пренесено во “Daily Telegraph“ 20. VIII. 1913 год. и  “Le Jeune – Turc“, 26, 27. VIII. 1913 год.)

Колкав интерес побудиле бугарските ѕверства авторот кажува уште во воведот, кога вели:

“Имав можност да го посетам Адрианполе и неговата околина со десет или повеќе странски дописници од најголемите весници и телеграфски агенции.“

Опишувајќи ги ѕверствата над Тракијците и муслиманите од Бугарите, авторот вели:

“Нема да кажам ништо за свирепиот начин на кој биле третирани 15 000 турски затвореници и околу 5 000 турски граѓани во првите четири дена за време на нивното движење кон островот Сарај кога биле терани како стоки. По дожд, тие умирале од глад и студ, се хранеле со кората од дрвјата. Умирале по стотици секој ден, така што кога дошло време да се замине за Бугарија останале само 10 000.

Тоа е добро познато. Ќе се ограничам на податоци кои не се објавенио тука. Дипломатскиот кор и жителите, било Турци, Грци или Евреи, се едноголасни во огорченоста со која ги опишуваат екцесите од бугарската окупација. Во повеќето муслимански куќи, прозорците и вратите беа срушени, мебелот однесен, дури и куќите на генералите беа ограбени, како на пример, таа на Абук паша, кој командуваше со IV Армиски корпус.
Ниту еден вреден килим не остана во ниедна џамија, вклучувајќи ја и прославената џамија Султан Селим. Библиотеката на џамијата, колекцијата на уникати, исто така беше многу оштетена.“


- Бугарите не се сурови само со Турците и муслиманите зашто по описот за нив авторот продолжува со другите граѓани на Тракија, па вели:

“Oграбувањето не беше ограничено само на куќите од Турците. Куќите на Грците и на Израелците исто така беа ограбувани. Товарните возови со т.н.р воен плен ги испраќаа во Софија. Тоа се вистински податоци. Војниците наоружани со пушки однесоа големо количество накит и скапоцени страини од куѓата на двајца Грци, браќата Александар и Јан Таласинос. Тие исто така ги одзеле прстените и бразлетните на сестрата на Таласинос. Патролата што дошла во куќата на трговецот Аврамиди со вообичаениот изговор дека бара оружје, однела 70 фунти (тони?) во ковчег.

Полковникот Златанов, шеф на жандармеријата ги затвори браќата Атанасиус и Кристодулос Ставридис и ги ослободи за 40 фунти. Богатиот Родригес, Австриски Евреин, кога требаше да замине за Константинопол ја напушти куќата под надзор на тројца бугарски службеници; кога се врати ја најде куќата празна. Се, дури и пијаното го немаше и беа однесени во Софија. На истиот начин беа ограбени и куќите на двајца богати Израелци, Мозес Бехмоирас и Бенароја. Луѓето што поседуваа богат имот, особено муслиманите, ги присилуваа со убиствени постапки да се согласат на фиктивни продажби или на долг закуп на нивниот имот.

Таков е случајот со Ибраим бег, човек со големи независни примања, кој живееше на улицата Абдула Амам.
Чопов, шефот на полицијата преку руски посредник, во Софија јави за три случаи за украдени килими. Секое утро се наоѓаа мртви тела на многу муслимани убиени преку ноќта. Дури и сега телата на турските затвореници покриени со рани не се повлечени од јавноста. Властите никогаш не се вознемируваа за вакви ситници.

Меѓу најгнасните и најпознатите случаи е убиството на заробениот турски службеник од бугарски војник, среде улица, на првиот ден на окупацијата. Тоа беше стар човек, истоштен од оскудицата и толку изморен што немаше сили да оди. Војникот го присилуваше удирајќи го со кундакот од неговата мускета. Израелецот Саломон Бехми го преколнуваше војникот да се сожали и да го пушти старецот. Разбеснет од таа интервенција, војникот ги уби двајцата со бајонетот.
Истиот ден, 8 војници ја ограбија куќата на 3 турски браќа, часовничари, и однесоа повеќе од 500 часовници. Едниот од нив, Азис Ахмед, го убија со бајонетите и продолжија да го бодат и откако почина. Другите избегаа. На третиот ден од окупацијата 20-тина бугарски војници прво ограбија, а потоа во џамијата Мири-Миран гнасно искасапија 13 Турци, 3 Моласи и Азис Јусуф, Мезин. Ги видов трагите крв, а моите колеги го фотографираа тоа.


Погнасна приказна е таа за 10 турски војници, кои во моментов се лекуваат во болницата на Египетскиот Црвен крст. При евакуацијата на Адрианполе, Бугарите кај Мустафа Паша со придружба испратија 300 турски затвореници; сите болни и ранети кои немаа доволно сили да одат беа убивани по патот. Колоната потоа беше поделена на три дела; 10 војници надгледуваа по 60 затвореници.

Во еден момент Бугарите им рекоа дека се слободни и дека можат да одат каде сакаат. Кутрите, немаа време да направат ни неколку чекори, кога Бугарите по наредба од нивните офицери, отворија оган врз нив. Сите беа убиени, освен 10, кои беа тешко ранети, а се преправаа дека се мртви. Цели 4 дена тие лежеа скриени во шумата, без храна. Меѓу нив беа Камбер Оглу Камбер, Хасан Оглу Хај, Емис Оглу Емис,од I батаљон на Кирк Килисе (следуваат др. имиња). Речиси сите страдаа од гангрена, од која двајца за малку ќе умреа. Не се знае што се случи со другите две тела.
Грчкиот Митрополит опишува дека двајца свештеници ,кои со жандарми биле испратени да ги бараат малтретираните Грци, на брегот на р. Марица, откриле многу тела на заробеници, изрешетани со куршуми и со рани од бајонет. Хашиз ефенди, директорот на училиштето во селото Кумурли, известува дека Бугарите што се повлекувале, собрале 50-тина Муслимани во џамија под изговор дека бараат оружје и таму ги масакрирале; подоцна во с. Амур, Бугарите однеле две муслимански девојчиња, постарата била 12-годишна. Нивната судбина не е позната. Ефенди Хашиз подоцна со задоволство забележал дека во повеќето села , Гркинките ги спасиле муслиманите."

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4360 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 40

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Агрономијата во Македонија од почетокот на XX век
--------------------------------
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 Федерација-од Јустинијановите “федерати” (Варвари)
--------------------------------
 Св. ап. Тимотеј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: