Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Среден век > Самоиловото царство
Самуиловата држава
Сподели на Facebook

Создавањето на Самуиловата држава за историјата на македонскиот народ има исклучително значење. Со неа се и темелите во конституирањето државотворност на македонскиот народ  

 

Предностите и значењето кои ги носат економските потенцијали и воено-стратегиската положба на Македонија, му овозможиле на Самуил да завладее речиси со целиот Балкан.
При создавањето на македонската средновековна држава настанале промени и во Византиската империја. На чело дошол императорот Василиј II (976-1025),  припадник на македонската династија.
Во периодот од 970 до 1018 г., т.е. за 40 години постоењето на македонската средновековна држава, речиси постојано војуваат - со  13 големи битки и други помали судири.

Битката во клисурата Суци кај Трајановата порта се водела на 17 август 986 г. Учесниците забележале дека оружјето на Самуиловата војска било подобро а дека се случило и чудо - нејзините стрели биле посилни од византиските копја.
По поразот на Византијците хроничарите индиректно го исмеале Василиј II, во чии војнички способности се разочарале, наведувајќи дека "лавот трепери од средбата со младите елени". Откога пристигнал во Филипопол (Пловдив), Василиј II се пресметал со оние за кои сметал дека извршиле предавство, а потоа, немајќи сили за реванш, оди за Цариград.
По поразот во Византија пламнала граѓанска војна.
Василиј II се обидел да склучи мир со Самуил, но до тоа не дошло. Внатрешните судири ја зафатиле Византија, но во Цариград, Силистрија и  Солун и натаму имало силна војска лојална на царот.

По разбивањето на византиската војска Самуил ја освојува и Бугарија, па до 987 г. е на Црното Море, со што е остварена стратегиската цел на исток.
По обезбедувањето на тилот од север, Самуил оди кон југ. Во 989 г. ги освоил важните тврдини Верија (Бер) и Сервија (Селфиџе), а во 995 г. го зазел и Драч, со што ја шири државата до Јадранското Море.
Најбројните раководни и командни места во војската на Самуил ги зазеле Македонците, а врховен командант бил кнезот, подоцна царот. Центарот пак на средновековната македонска држава и Главната команда на војската се во Преспа. Самоил е врховен заповедник и главен стратег, лично ја предводи војската речиси во секоја поважна битка.
Пред битките со вешта воена дипломатија, склучува мировни спогодби, сојузништвата ги зацврстува со бракови а поткупува и војсководци на противникот. Затоа и современиците (но и противниците) го нарекле "Самуил итрецот".
Организацијата и формацијата на Самуиловата војска се слични на византиските, профилирана е од два рода – пешадија и коњаница. Самуил има и телесна гарда - стража во логор близу дворецот или во непосредна близина, при походите или на бојното поле.
Бидејќи располагал со развиена опсадна техника, Самуил има и инженерци, а  располага и со добро обучена извидница - "поткажувачи" и "сопатници",со  задача да го откриваат и следат непријателот. Иако Самуил владее со градови на Јонското, Црното и на Јадранското Море, тој не располагал со флота.
Најпрво војската е организирана по десетински систем, т.е. по групи од по 10 луѓе кои, во зависност од потребите, се зголемувале ( комархии и во комесии).
Повеќе такви формации правеле друнгерија, т.е. архонтија, што е највисока  формација.
Командантите под Самуил се нарекувале архонти, друнгери, комеси, комтархи итн. Комесите се началници на штабови и, главно вршеле логистички работи.
Самуиловата војска е вооружена со разновидно оружје, слично на византиското. Но војниците имале и автентично оружје, т.е. имале и свое оружарство.
Покрај заштитната опрема, носеле и долго копје со знаменце или висулка.
Поретко во опремата е вклучуван мечот, со различни должини и форми, како и лакот и стрелата а вакво вооружување има и  пешадијата и коњаницата. И облеката е слична како византиската, војниците носат горен дел, кој е краток, панталони со тесни ногавици и обувки од дебела кожа, цврсто припиени на потколениците. Кошулата е плетена од метална жица, а имале и оклоп - панцир.
На главата е шлем од разни облици, а под брадата се спуштал панцир. Од заштитната опрема е штитот, кој имал елипсовидна или кружна форма. Коњите, исто така, имале комплетна украсна и заштитна опрема.
Подготовките за битката кај Беласица, Самуил ги почнал со дефанзивната стратегија. Одлучил да постави бедем (дема) во Клучката клисура, таму каде Беласица и Огражден се најблиску, а теснината е најголема и каде со помали сили може да се победи и посилен непријател. Бедемот е поставен кај с.Градешница (денес во Р. Бугарија, 10 км. од тромеѓето меѓу Македонија, Грција и Бугарија).
Тука падините на Беласица и на Огражден се стрмни, ридовите високи, свиоците чести,а природата создала  затворена клисура, погодна за заседа и изненадувања.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 15695 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,98 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 55

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Наумакија – македонска поморска вештачка битка
--------------------------------
 Воениот плен кај Македонците
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
 Партизанската војна и антиката
--------------------------------
 Како макот ги преживеал Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: