Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Среден век > Ајдутството кај Македонскиот народ
Причини за ајдутсвото во Македонија
Сподели на Facebook
По навлегувањето на Турците на Балканот, македонското благородништво ја насетило опасноста од новиот поробувач, кој за разлика од дотогашните, бил различен и по јазик и по вера и по обичаи. Затоа благородништвото завзема став кон новите поробувачи.
Крупното благородништво на чело со кралот Марко, стратешки за зачувување на верата, земјата, обичаите но и своите крупни поседи, како единствена опција го гледаат склучувањето вазален однос со Турците. Со ова се зачувува дотогашниот статус но цената е праќање контигенти македонски војници за освојувачките походи на Османлиите. Ова не е ништо поразлично или понеобично од она што и денес го прават многу земји кога влегуваат со свои воени сили во составите на одредени воени контигенти од Големите сили.


Крупното благородништво со кралот Марко заради големите поседи  за разлика од пониското благордништво прифаќа вазален однос со Турците (монети ковани од кралот Марко)

Но пониското благородништво не мислело така, тоа не можело да се помири со новата подчинетост и ропските стеги. Впрочем тоа и повеќе ги чувствува истите врз неговите плеќи било се. Но освен ова висела и свеста за присуството на новиот туѓинскиот елемент околу и во Македонија како и контролата од страна на истиот на се повеќе сегменти од животот.Затоа овој отпор кој сега го поведува пониското благородништво првично е со исклучиво антитурски но не и антифеудален карактер. Тие тргнале во борба со цел да го избркаат новиот поробувач и да ја вратат старата положба пред доаѓањето на Турците, кога сами ја собирале феудалната рента.

Иделичниот феудален живот со доаѓањето на новата туѓо-верска феудална класа завршува и предизвикува отпор - средновековна илустрација од еден феудален имот
Дотогаш сите го живееле идиличниот феудален живот, селаните ја обработувале земјата, ја одгледувале стоката и се преработувале во храна, облека и сл. потреби а за сето тоа му плаќале на сопственикот од феудот - благородникот во подносливи даноци. Сега благородниците ги повлекле и селаните кои поради вродениот инстинкт за преживување и самоодржување и не сакајќи помирување со многу и поразличниот нов поробувач се приклучиле кон борбата организирана и водена од локалните благородници. Особено се истакнувала и верската разлика која во средновековието игра многу важна улога.

Еден од најпознатите вакви јунаци-благородници од ова време е Момчил-војвода кој е опеан во најраните јуначки македонски епови. Но Турците се жестоки и особено по смрта на кралот Марко во Влашко 1395 год. кога ќе се уверат дека ниту крупното македонско благородништво не е за верба зашто Марко и другите крупни македонски благородници во среде битка ќе преминат на страната на христијанскиот валдетел војводата Мирче. Турците сега најголемиот дел од феудалната рента го присвојуваат за владеачката муслиманска и турска феудална класа што директно водело во судир со затекната македонска феудална класа. Во овој судир, ајдутскиот отпор бил главна форма на оваа загрозена феудална класа која со себе заради верската димензија на судирот, поведува и представници од другите слоеви – пред се селанството (но и од градските средини). Но Турците се повеќе се зацврстуваат во Македонија а влијанието на македонското благородништво се повеќе слабее, зашто постепено е ликвидирано во овие борби. Најмалиот дел од него на крајот избирајќи меѓу комплетниот ништеж и животот, ги прифаќа условите на владетелите и се втопило во турска феудална класа а подоцна и се исламизира. Со ова македонското селанство но воопшто и македонскиот народ се обезглавени.

Но на се ова бил уште и односот на Турците кој во оваа прва фаза е многу претпазлив па одат со поблаг даночен систем одошто претходната владетелска македонска феудална класа. Ова веќе расколебува поголеми селански маси кај кои сега освен верскиот момент не останале други мотиви кои би го покренале на пожесток отпор. Како и да е засега најстар податок, каде јасно станува збор за ајдути е од јануари 1502 год. кога ајдути напаѓаат еден трговски караван составен од дубровчани и други трговци и кога штипскиот кадија наредува да се набијат на кол десетте фатени напаѓачи (Елезовиќ, “Турски споменици”, кн. I, св. I, Белград 1940, 334-337 и 340-347).


Карваните со трговци од Дубровник и другите побогати балкански градови се особена цел на ајдутите но и владеачките турски власти кои ги уценуваат - илустрација на турски пазар

Се разбира дека и пред ова има примери на ајдутсво но од овој датум тие се се побројни и помасовни. Имено, веќе во XVI век Османлиите го достигнале својот максимум во освојувањата па немајќи можност за ограбувања на нови надворешни непријатели и територии за оддржување на својата се побројна владеачка класа, се свртува да ги ограбува внатрешните поданици првенствено од христијанските земји. Сега се зголемуваат даноците, ангариите а се воведуваат и нови форми на експлоатација и притисок. Отпорот кон се ова сега е сенароден, па зачестуваат судирите на секаде низ Македонија.

Ако на едните (потчинетите) им се украле жените или обесчестиле сестрите, на другите (претставниците на турската власт) им се убивале родителите и браќата, палеле имотите и сл. форми на освета и отпор. Сега ајдутсвото станува масовна секојдневна појава низ Македонија. Што повеќе Османлиите прават зулуми и експлоатираат, тоа им повеќе се возвраќало од македонскиот народ. Со безобзирната експлоатација оделе и неуспесите на Османлиите кои од XVI век па натаму уште повеќе ги разнишуваат политичките и стопански позиции на Турција во однос другите европски земји кои одат напред во својот развој. Кога пак Османската држава во XVII и XVIII век ќе почне да го губи и разложува спахискиот систем и општиот упадок, ќе нарасне и насилството анархијата и своеволноста на сите органи од власта. Но ова пак ќе произведе нов масовен отпор со големи димензии во вид на востанија и буни.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5719 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,2 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 49

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Златото на Индија кај Александар
--------------------------------
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
 Влезот на Османлиите во Европа е заради предавство
--------------------------------
 Реонот на Алшар со единствени рестенија
--------------------------------
 Св. мчка Тесалоникија со Авкт и Таврион
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: