Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Среден век > Ајдутството кај Македонскиот народ
Појава на ајдутсвото (свет, Балкан и Македонија)
Сподели на Facebook
Ајдутсвото не е специфичност само за Македонија, Балканот или Турската империја. Ајдутсво имало и во сите земји каде имало феудални општествени односи, иако под различни имиња. Всушност ајдутсвото е типичен феномен на феудализмот.
Се разбира дека ајдутсво и аграрна ребелија имало и во робовладетелското или капиталистичкото општество, но тоа биле одделни и нетипични појави од проста причина што селаните, кои главно се одметнувале во ајдути, не претставувале основна класа во тие општества. Само во феудализмот каде селаните биле експлоатирана класа обременета со многу даноци и разни феудални задолженија, постоеле услови за оваа општествена појава, која со мали исклучоци, станала типична појава на феудализмот и тоа не само во Европа.

По ввропските друмови низ средниот век се јавуваат познати друмски разбојници - илустрација на Робин Худ
Општо е познато дека низ целиот среден век патиштата на цела Европа биле полни со “друмски разбојници”, произлезени од редовите на селанството или пропаднатото и пониско благородништво. Така познат е Робин Худ од Шервудската шума во Англија, (zbojnik) Јаношек во Чешките планини, Али Баба и 40-те разбојници од Блискиот исток. Секаде каде има феудализам имало и ајдици.

Средновековните писатели, најчесто припадници на владеачката класа, ги сметале за “разбојници”, “убијци” или “одметници“ без посебно да ја објаснат причината за нивните одметнувања во новиот опасен живот. Особено зашто и биле свесни за она што ги чека штом бидат фатени, обично најтешките и најсвирепи измачувања и егзекуции (Турците до првата половина на XIX век за ајдуците имале казна набивање на кол, најнечовечната казна).

Доколку во некоја капиталистичка земја имало повеќе феудални остатоци, дотолку и ајдутсвото се оддржувало и обратно доколку капиталистичките односи напредувале, ајдутсвото како форма на отпор се губело и им отстапувало место на поновите форми отпор како што биле штрајковите, демонстрациите и сл.

Дури и пред Турската империја ајдутсвото било доста раширено за време византиската империја, српките, бугарските и македонските кнежества, и царства. Познатиот Душанов законик од 1349 и 1354 год. всушност е доразработка на такви слични византиски законици. И тој како и оние пред него токму заради раширеноста на ајдутсвото и друмското разбојништво, е многу свиреп од сакатење на телото – сечење раце, јазик, нос, уши, до ослепување, палење на коста и брадата, жигосување на образот и сл. Во ова време терминот ајдутин сеуште не е одомаќинет но главни термини се: гусар, тат, хусар и сл.


Познатиот Душанов Законик повеќе пати е дополнуван во делот за борбата против друмското разбојништво

Сепак во дополнетиот Душанов законик нешто подоцна најверојатно заради неговиот неуспех да го искорени друмското разбојништво, се воведува Чл. 149 со кој строго се наредувало: “гусари и тати да не се помилуваат, туку да се ослепат и обесат“. За ајдутин пак кој не признавал бил наменет “божјиот суд“ т.е вжештено железо требало од црковните врати да го постави на светата трпеза. Ако при тоа му изгореле рацете, се сметал за крив, ако не, за прав. Но оваа казна за откривње на нечија кривица при било кое кривично дело, не се применувала врз припадници на владеачката класа, туку само врз селаните-ајдуци.

Чл. 157 пак на пример предвидувал стражи по друмовите, нешто слично на подоцнежните дервенџии во турскиот период, а Чл. 160 наредувал, трговците, карваните, особено на Дубровчаните и Латините, да се предаваат од стража на стража, и ако се случи ограбување или убиство, на одговорност да се повика селото во чиј синор тоа се случило.

Всушност сите овие одредби освен малите дотерувања ги имало и во многу поранешните Византиски законици.

Со доаѓањето на Турците на Балканот и Македонија, неправдите и злосторствата не завршиле ами напротив се зголемиле и со нов белег освојувачот бил туѓ и по вера и по јазик и по обичаи. Познато е дека во ова време религијата е еден од главните белези на народната припадност, токму таа ќе е новиот мобилизаторски и идеолошки ослон на отпорот против спахиско-тимарскиот општествен систем.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6729 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,28 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 37

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Лука апостол и евангелист
--------------------------------
 Првиот Млековод на Балканот во Македонија
--------------------------------
 Описи за набивање на колец
--------------------------------
 Кучињата од антиката во служба на Македонците
--------------------------------
 Најквалитетниот опиум на светот – македонскиот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: