Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8861
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Среден век > Ајдутството кај Македонскиот народ
Други извори за македонското ајдутство
Сподели на Facebook
Вонредно значајни турски документи за македонското ајдутство објавува и Елезовиќ во вид на регести од Мухиме дефтерите од Истамбул каде сретнува по некој документ за ајдутсвото во Македонија (“Iz Carigradskih turskih arhiva, Muhimme defterleri”, Елезовиќ, Београд, 1950).
Исто така значајни се и Еврејските извори издадени од БАН (Амер Хананел и Ели Ешкенази “Евреиски извори за обштествено-икономическото развитие на балканските земи през XVI век“, том II 1960, Софија).

Секако од сите извори турските документи се извори од прва рака и најобилен градивен материјал за проучувањето на ајдутсвото во Македонија. Несомнено, турските документи се пообјективни и обилуваат со многу детали за разлика од податоците што ни ги оставиле разни патеписци.Тие се изворни зашто се пишувани во самото време на случувањето а се главно од кадии или др. службени лица. Сепак и покрај ова и тие имаат свој недостаток.

Недостатокот се гледа по тоа што пишувачите често ја омаловажувале или преценувале силата на ајдутите. Од ова се гледа и дека турските власти често не биле точно информирани по низа прашања за ајдуците и нивните акции. Овие документи од една страна даваат обилни податоци за мерките што ги превзеле турските власти а од друга помалку зборуваат за внатрешните утројства на ајдутските дружини, меѓусебниот однос, нивните старешини, начин на борба, целтта на нивната борба и сл.

Тие имаат и друг недостаток. Пишувани се од кадии, везири и др. службени лица кои на ајдутсвото гледале од позиција на владеачка класа па користат најлоши епитети за ајдиците т.е, се тендециозни. Се наложува значи особена претпазливост и критичност во обработката на документите.

Покрај турските документи, како второстепени извори се патеписите на разни патеписци кои низ разни времиња поминувале низ Македонија и на разни јазици оставале белешки во врска ајдутсвото. Но има и записи од домашни луѓе, најчесто монаси по книги и црковни предмети.Тие се важни зашто се во време настаните или по нив и затоа се автентични.

На крајот како извор не се запоставени и македонските народни творештва особено поезијата во ајдутскиот циклус завиткан со уметнички формат но кој ја затскрива историската реалност. Затоа тие се користат исто така претпазливо при обработките т.е само тогаш кога се аналогни на турските извори и секогаш со укажување каде тие се совпаѓаат или не со турските извори.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3154 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 53

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Абодрити, словенско племе во Дакија
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 Првиот златен медал на македонски фотографи
--------------------------------
 Најголема археолошка акција со светот
--------------------------------
 На една минута Македонија во 50 Библии
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: