Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 5623
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Праисторија > Неолит
Неолитот во Македонија
Сподели на Facebook

Со неолитот (7000-3500 год. на ст.ера) започнува најреволуционерната етапа од културно-историскиот развој на човештвото. Неолитскиот човек во Европа дошол од југ и југоисток, во повеќе генерации со подобрувањето на климата и вегетацијата.

Токму во Македонија или јужниот Балкан и западна Мала Азија, заради поблагата клима доаѓа до поран период на новото камено време (“Settlements were thus Semi-migrant, and only in the Balkans is there evidence of permanently occupied sites. Wheat was the main cereal crop, while the livestock consisted of cattle, sheep and pigs” C.M.MaeInnes, C.B.E., M.A., LL.D., Emeritus Professor of Imperial History, University of Bristol).

Не случајно познатиот Харолд Лемб токму Македонија ја посочува во своите истражувања како прва цивилизациска колевка на Европа со првата населба. Тој вели : “Македонија е место каде веројатно настанало првото агрикултурно село во Европа, датира од околу 6 620 год. п.н.е “ (“Macedonia is the site of what may have been the first agricultural village in Europe, dating from about 6 620 b.c.”, “Alexander of Macedon”, The Journey to Word`s End, by Harold Lamb, Garden City, New York)



Големата мајка божица
Внатрешните односи се подредуваат на општите интереси за благосостојба и опстанок, во кои жената стекнала углед и посебен статус Како родилка и мајка, носител е на билошката репродукција, заради и што нејзината функција е поистоветувана со култ на плодноста и култ на Големата мајка божица. Македонија е со респективен број наоди со култот и функцијата на Големата мајка а особено изобилува со бројни докази од сите периоди на неолитот .

Занаетчиство – во неолитот луѓето започнале со изработка на орудијата од коски и рогови но и дрво кое се повеќе се обработувало.Со ова се појавуваат лакот и стрелата (остри коски и еластични гранки) но и чуновите од нагорено дрво за лов и риболов. Со обработка на овие материјали се зачнува занаетчиството.Во рамките на домот се започнало со ракотворење на предмети за секојдневни потреби, кое постепено прераснува во занаетчиство (ткаење, плетење, обработка на кожа, орудија и сл.) Сепак најразвиено било грнчарството




Занаетчиството во неолитот во Македонија

Земјоделство – додека мажите оделе во лов, жените се повеќе се грижеле за домаќинството каде почнале да засадуваат одредени растенија, да ги обработуваат и берат плодовите со што се развива земјоделството. Се разбира тоа е доста примитивно и со скромен фонд растенија кој долго е ограничен а дури многу подоцна во следните цивилизациски развојни етапи ќе се збогатува се повеќе.

Сточарството – Жената е заслужна и за појавата на сточарството.Ранетите и младенчињата од животните, ловците ги носеле дома меѓу другото и за разонода на децата како и другите членови на семејството. Со време и ги припитомувале. Некои од животните не ги убивале и заради одредени суеверија (пример – мајката е со мали во себе па ја чекале да ги изведе младенчињата, потоа заради тотемизам и сл.).

Населби – И токму со развојот на сточарството, земјоделството и занаетчиството како следно се јавува и потребата од живеење во поширока заедница со попостојано место на живеење што значи врзување за – територија и редуцирање на дотогашните постојани селења. За територијата се врзувало – обработката на земјата, производите од неа, риболовството, стоката нејзината паша и обработката на производите од неа, занаетчиството со вештината на одредени луѓе да прават посебно добри производи од коски, дрво, кожа, камен, глина и др. Првите населби биле населби од земјанки а потоа и колиби а посебно наколни живеалишта над водата која ги штитела од дивите животни.


Кокино - неолитска опсерваторија

Македонија е особено богата со неолитски населби, во археолошката карта уште од 90-тите години на XX век се внесени преку 180 неолитски населби со поголема концентрација во котлинските предели. Со новите откритија (неолитската опсерваторија Кокино и др. низ Кратовско-Кумановскиот басен но и др.) овој број е поголем. Овој број укажува густа населеност која навестува динамични случувања во овој период и зголемен наталитет на населението.

И не случајно познатиот Харолд Лемб токму Македонија ја посочува во своите истражувања како прва цивилизациска колевка на Европа со првата населба кога вели : “Македонија е место каде веројатно настанало првото агрикултурно село во Европа, датира од околу 6 620 год. п.н.е “ (“Macedonia is the site of what may have been the first agricultural village in Europe, dating from about 6 620 b.c.”, “Alexander of Macedon”, The Journey to Word`s End, by Harold Lamb, Garden City, New York)

Родот – заедница на луѓе која (за разлика од ордата) сега е врзана крвно – со директно сродство.Тоа се обично првите сточари и земјоделци или занаетчии па се знаело дека “тие од тој род се сточари а од друг се грнчари или од трет род нешто сосем друго”.Со ова во рамките на одреден род со поколенија се негувала одредена вештина-дејност а во која ги упатувал некој посебно вешт член (предок).
Родот броел околу 100-тина луѓе. Мажите најчесто биле отсутни од домот бидејќи или биле во лов, потрага по глина, камен, дрво или сл. потреби за домот. За останатите членови од родот била задолжена жената. Обично најугледната и најискусната (најстарата) жена управувала со родот, таа била избран старешина на родот а младите посебно се грижеле за неа и другите мајки, ги одгледувале и своето потекло го сметале според нив. Затоа ова време е уште наречено – матријахат (пошироко види под – “матријахат”).

Братства – повеќе родови меѓусебно крво поврзани, сочинуваат - братство.

Племе – повеќе братства поврзани сочинуваат – племе. Тоа можело да брои неколку илјади луѓе на чело со племенски стрешина. Тој пак особено имал значајна улога при меѓуплеменските судири и војни за територии, затоа бил најхрабриот, најавештиот и најискусниот старешина. Со време овие племенски старешини со своите подвизи полека ќе ја истиснат жената (мајката) од челната позиција со што доаѓа времето на – патријахатот. Ова и што мајката е повеќе карактеристика на родот кој е помала заедница од племето кое како такво има и поголеми потреби, движења но и проблеми со војните за подобри територии и сл. а за што е потребна цврста рака.

(Користени извори – “Водич низ археолошката поставка” – Музеј на Македонија, 1992 год. ,Скопје; “Македонија, праисторија, империја и денес” – Симе Пандовски, 2000, Битола)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5170 пати
Просечна оцена од посетителите
 4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 31 октомври 2014
Моментно посетители: 17

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Најголем рудник за воденички камења
--------------------------------
 Анексија
--------------------------------
 Вселенските црковни собири
--------------------------------
 Кучињата од антиката во служба на Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: